×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Кумановски акцијаши“ ќе чистат на повеќе локации во Куманово

    16.09.2015 09:57 | KumanovoNews

    Членови на Здружението „Кумановски акцијаши“ на предлог на граѓаните, ќе чистат на повеќе локации во центарот на градот, но и на периферија.

    „Кумановски акцијаши“ ќе чистат на повеќе локации во Куманово

    Доставени се предлози за уредување на речното корито и кејот од Туш маркетот до Митев мост. просторот под фабриката Екстра меин, Студена вода, Менкова колиба, Живкова карпа. Исто така и јавни површини на улица “Страшко Арсов“, просторот под училишната сала на ОУ “Толи Зордумис“,  формирање на пешачка патека по улицата “11 Ноември“ од некогашната касарна се до бензинската пумпа кај кожара, чистење на речното корито и крајбрежјето на реката Липковка на потег од железнички мост кај село Лопате, па се до почетокот на влевањето во Кумановска река и озеленување на празниот простор на ОУ “Вук Караџиќ“ и ОУ “Наим Фрашери“.

    Секако тука има доста предлози кои не се во домен на наше дејствување, односно се од областа на комуналната хигиена и  истите не ги земаме во обзир, но секако ќе ги доставиме до ЈП “Чистота и зеленило“ како предлог од граѓаните. За сите предлози, прво дејствие е проверка на статусот на површините, односно под чија сопственост и владение се, можноста за соработка во изведувањето со локалната самоуправа која е наш партнер во досегашните активности. Потоа ќе следи конкретизирање на оперативни планови за изведување на работите, оние за кои ќе треба повеќе време ќе бидат ставени во програмата за 2016 година - вели Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.

    „Кумановски акцијаши“ и понатаму ги регистрираат предлозите на граѓаните и до крајот на овој месец  е одлучено да се работи на уредување на јавниот простор на улица “Страшко Арсов“. Деновиве со жителите треба да се договори денот на изведувањето на акцијата.