Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението “Кумановски акцијаши“ ќе помогне во расчистувањето на оштетените куќи во населбата Тоде Мендол, настанати по вооружените дејствија.
Сите граѓани кои сакаат да помогнат можат да се пријават на нивната страница на фејсбук или на мејлот [email protected].
“Преку оваa акција не само што ќе им помогнеме на нашите сограѓани туку и ќе пратиме јасна порака за нашата подготвеност, решителност за соживот меѓу сите етникуми кои живеат во Куманово и кумановско. Ова мултиетничка бригада ќе биде пополнета и со сите добронамерни граѓани од сите возрасти, кои имаат желба да учествуваат во акцијата за помош на нашите сограѓани “ - вели Јусуф Латифи, претседател на “Кумaновски акцијаши“.
Во акцијата ќе се вклучат млади, но и повозрасни граѓани од Куманово.