Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На два меѓународни еколошки работни кампа се поканети да учествуваат членови на здружението Кумановски акцијаши.
Тие ги повикуваат младите кумановци да се приклучат на кампот и да го почувствуваа акцијашкиот дух, да се дружат и да стекнат нови пријатели.
„Првиот камп ќе се одржи во Сјеница, Република Србија од 27 јули до 3 авуст, ќе учествуваат над 100 млади од поголем број на земји од Европа. Домаќин на кампот е Општината Сјеница под покровителство на Владата на Република Србија. На овој камп сме поканети да учествуваме со 9 млади и еден ветеран. Вториот камп ќе се одржи во Скопје, од 23 до 30 јули, во организација на здружението Акцијаши од Скопје, поддржано од Сојузот на волонтери акцијаши на Македонија и сите сродни здруженија од Македонија. На кампот ќе учествуваат волонтери еко акцијаши од балканските земји. Куманово треба да учествува со 10 млади и 5 ветерани“, велат од Кумановски акцијаши.
Сите заинтересирани млади можат да се пријавите најдоцна до 02 јули на меил адресата:[email protected].