×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски акцијаши помагаат во неодамна поплавените подрачја во Словенија

    27.08.2023 11:30 | Жаклина Цветковска

    Кумановските акцијаши се дел од македонскиот тим кој замина во Словенија да помогне во нанесените штети од неодамна поплавените подрачја кои ја погодија Словенија.

    Кумановски акцијаши помагаат во неодамна поплавените подрачја во Словенија

    На покана на словенечките акцијаши , македонските акцијаши заминаа во Марибор и ќе помагаат во санирање на последиците од невремето, особено во Штаерско-корушката област.

    Македонската екипа е составена од акцијаши од Куманово, Штип, Велес, Битола и Скопје, кои дејствуваат под знамето на Сојузот на волонтери акцијаши на Македонија.

    Акцијашите од нашата земја се познати по својата хуманост и солидарност, особено во услови на елементарни непогоди, што го докажале преку активно учество во поплавените подрачја во Краљево и во Скопскиот регион во 2015 и 2016 година.