Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца лекари од Куманово се најдоа на листата на најдобро рангирани 100 доктори за април годинава, според системот Мој термин која ја објави Министерството за здравство.
Се работи за докторите Исмаил Бајрами од општа медицина, Минур Бајрами од ортопедија и Ненад Ристовски од хирургија.
Изборот е направен врз основа на бројот на извршени прегледи и операции евидентирани во Националниот систем за електронски евиденции во здравство – Мој термин. Докторите добиваат посебно признание и паричен надомест во висина од нето плата или двојна плата за месецот за кој постигнале најдобар резултат.