×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kумановски фирми на листа за бришење во Централен регистар

    05.02.2015 13:05 | KumanovoNews

    Голем број кумановски фирми се ставени на листата за бришење во Централниот регистар на Македонија, бидејќи не поднеле годишни сметки за деловната 2013 година или не поднеле пријава за упис на адреса за електронско сандаче.

    Kумановски фирми на листа за бришење во Централен регистар

    Фирмите се со различни дејности, но најголем дел од нив се занимаваат со трговија на големо и мало.

    Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, во рок од една година да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.

    Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.