×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот суд доби засилување од четворица нови судии

    12.03.2025 10:15 | KumanovoNews

    Нови четворица судии се избрани за Основен суд Куманово на вчерашната седница на Судскиот совет. 

     

    Кумановскиот суд доби засилување од четворица нови судии

    Новозбрани се: Натали Бојковиќ -Колев, Бехар Амети, Арефат Весели и Арменд Мехмети, сите произлегуваат од Академијата за судии и јавни обвинители. 

    Со изборот на новите судии ќе се намали недостатокот на судии во  Кумановскиот суд.

    „Со новите судии ќе бидат вкупно 22, со што ќе се растеретат постарите колеги. Моментално работат само 15, но најдоцна за еден месец би требало да се нормализира работната динамика“, велат од судот.

    Според систематизацијата во Основен суд Куманово потребни се 34 судии, но познавачите тврдат дека тоа е по стара систематизација и дека е потребно да се изработи нова. Генерално се очекува до крајот на годината да се постигне поголема ефикасност на судот.

    Во судот има и недостаток од дактилографки,  како и информатичари и архивари.