Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов во организација на Здружение на спортско планинарски клуб “Козјак“ ќе се реализира 15 - от по ред меморијален марш “Појак Калман“.
Утре планинарите ќе тргнат кон село Бајловце, а оттука продолжуваат за Дејловце каде ќе направат пауза и потоа одат за село Длабочица каде се наоѓа планинарскиот дом. За во недела планирана е прошетка до црквата “Свети Јован Крстител“ во селото Длабочица, близу планинарскиот дом. Напладне во недела од Длабочица планинарите ќе се упатат кон село Арбанашко.
Мотото на маршот е “Движи се ... да не заборавиш да одиш“.
Со маршот се одбележува денот на кој е починат Појак Калман, планинар и основоположник на “Козјак“.