×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новинарите на средба со новиот началник на СВР Куманово

    02.12.2022 08:49 | KumanovoNews

    Продолжување на добрата соработка и поголема транспарентност во интерес на јавноста беше договорена на брифингот на новинарите од локалните медиуми и дописниците со новиот началник на Кумановската полиција, Бранко Ракиќ.

    Новинарите на средба со новиот началник на СВР Куманово

    Средбата беше иницирана од раководството на СВР Куманово со цел да се споделат размислувањата и да се изнесат забелешките од двете страни, заради подобра соработка.

     Кумановските новинари истакнаа дека се задоволни од досегашната соработка со МВР, но побараа полициските службеници да имаат повеќе разбирање за нивната работа кога се на терен, особено во ситуации од зголем ризик.

    Тие ги посочија најгорливите проблеми во градот на кои граѓаните најмногу реагираат, а тоа се сообраќајниот хаос, неправилното паркирање, узурпација на јавните површини, култиваторите на улиците, насилството меѓу младите, пo што побараа од полициските служби во рамките на нивните законски надлежности да реагираат и да ги санкционираат. 

    Началникот Ракиќ, помошникот-началник Севдаиљ Џафери, како и портпаролката Ивана Младеновска, ја потврдија позитивната соработка со новинарите, но побараа тие да бидат стрпливи особено во сензитивни ситуации, кога е потребно повеќе време да утврдат некои фактички состојби пред да излезат со официјална информација. 

    „Ние покриваме 6 општини во регионот и имаме голем обем на работа. Притоа секоја општина си има свои специфики. Службите во секторот работат на сите горливи прашања и затоа треба да и верувате на полицијата. Да почекате да добиете веродостојни информации, бидејќи во некои ситуации последиците можат да бидат многу големи“, порачаа домаќините.

    Брифинг средби на претставници на надлежните локални и државни институции со новинарите се пракса во развиените средини, бидејќи се неопходна заради подобро информирање и размена на информации. Во Куманово во последните години повеќето институции се затворија за медиумите, а својата комуникација со јавноста ја остваруваат преку социјалните мрежи и пиар службите. 

    Поголема транспарентност на локалните институции, беше едно од барањата на новинарите, дописниците и медиумските работници во регионалните и локалните медиуми во државата, на последниот состанок во ЗНМ.