×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските пензионери бараат бесплатен превоз

    22.07.2012 08:51 | KumanovoNews

    Од Здружението на пензионери Куманово велат дека преговараат со општината за да им се обезбеди бесплатен превоз, но начинот и условите не се прецизирани. Нивна заложба е пензионерите со пониски примања да можат да користат слободен јавен превоз.

    Кумановските пензионери бараат бесплатен превоз

    На званичен пензионерски состанок и на три јавни собири ни беше ветено дека ќе се направат напори за бесплатен превоз. Тоа ќе биде за социјално загрозените пензионери. Ќе има критериуми и ќе се знае кој се ќе биде опфатен. Можеби ќе биде еднаш неделно, можеби поретко. Општината преговара со линиските превозници. Дали возењето ќе биде регулирано со месечни карти или ќе се покажуваат чекови, не знаеме. За нас ова ќе биде големо олеснување - рече Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

    Од општина Куманово велат дека можноста за бесплатен превоз се разгледува и барањата на пензионерите ќе се усогласат со понудата на општината.

    За месец дена ќе бидат готови критериумите. Се планира ова да биде наменето за пензионерите од пониските категории, со помали пензии. Ќе се гледа и луѓето да бидат поодалечени од центарот на градот - вели Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.

    Здружението на пензионери има 12.300 членови, но во градот има плус уште две инвалидски здруженија, што значи дека за оваа привилегија ќе бидат заинтересирани многу од пензионерите. Бесплатен јавен превоз за пензионери има во Скопје, Битола, а и во Берово се направени слични обиди.