Кумановските пензионери утре ќе бираат ново раководство, двајца кандидати за претседателската функција
Делегатите на Здружението на пензионери Куманово, утре на изборна седница ќе бираат ново раководство, кое ќе ги предводи во наредните 4 години.

На конститутивната седницата прво ќе се верификуваат мандатите на 35 делегати кои се избрани од 24 ограноци на здружението, а потоа ќе се гласа за кандидатите за претседател на Собрание, претседател и потпретседател на здружението и членови на органите-извршен и надзорен одбор и одбор за статут и правни прашања, кои ќе бидат предложени на самата седница.
Според неофицијални информации во трка за нов претседател се Ристо Бошков и Жика Крстевски, но постои можност да има и други предлози.
Изборите во Кумановското здружение се организираат во редовен термин, но предходното раководство беше сменето еден месец пред завршување на мандатот, поради неправилности во работењето.