×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските пожарникари завчера извлекле преживеана жена од урнатините во Адијаман

    12.02.2023 14:42 | Ивана Алексовска

    Петмина пожарникари од Куманово веќе четири дена се дел од спасувачкиот тим кој напорно работи на пронаоѓање на преживеани под урнатините на зградите, кои ги зафати катастрофалниот земјотрес во Турција. 

    Кумановските пожарникари завчера извлекле преживеана жена од урнатините во Адијаман

    Тие раскажуваат дека се наоѓаат во местото Адијаман, град во југоисточна Турција, каде што заедно со останатите македонски колеги завчера успеале да спасат една жена.

    „Моментално работиме во ноќна смена на разрушен објект од каде завчера успеавме да спасиме еден живот. Се работи за жена која е во добра здравствена состојба. Тоа ни даде уште поголема надеж да продолжиме со сите расположливи средства да пребаруваме“, раскажува Душан Цаневски, еден од пожарникарите.

    Тој вели дека она што го гледаат на терен е невидена катастрофа, со многу жртви и повредени, и огромна матерјална штета.

    „Во голема паника се преживеаните за нивните најблиски, секој час се намалуваат шансите да најдеме преживеани под урнатините. Досега извадивме околу 50-тина починати, се очекува бројката да расне. Ние продолжуваме со нашата цел, да спасиме и помогнеме“, додава Цаневски.

    Градот Адијаман е во близина на сириската граница и скоро целосно е разурнат.

    Турција има долга историја на силни земјотреси. Над 17.000 настрадаа во силниот земјотрес во август 1999 година во градот Лимит, кој се наоѓа на 90 километри југоисточно од Истанбул. Пола милион луѓе тогаш останаа без своите домови.