×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските пожарникари ќе бидат наградени со по една плата за хуманoста во Турција

    17.02.2023 14:16 | Ивана Алексовска

    Кумановските пожарникари, кои осум дена учествуваа во спасување на преживеаните и извлекување на жртвите по катастраофалниот земјотрес во Турција, ќе добијат парична награда во висина на една плата од Општина Куманово. 

    Кумановските пожарникари ќе бидат наградени со по една плата за хуманoста во Турција

    Пожарникарите Игор Кузмановиќ, Стефан Крстевски, Александар Денковски, Владица Младеновски и Душан Цаневски денеска се сретнаа со градоначалникот Максим Димитриевски, кој им врачи благодарници и им се заблагодари за храброста, пожртвуваноста и помошта која ја пружија на терен.

    „Браво момци, достојно ја претставивте нашата општина и нашите вредности на хуманост и солидарност, постапувајќи со висок професионализам и безусловно помагајќи на нашите пријателски народи кога е најпотребно. Во лично име и во името на нашите граѓани ви благодарам на сите кои несебично пружија помош, имаме пожарникари со кои можеме да се гордееме, пожарникари- спасители кои секогаш се подготвени на своите работни задачи. Куманово е отсекогаш солидарен град и горд сум на тоа“, изјави  Димитриевски

    Кумановските пожарникари беа дел од спасувачкиот тим во градот Адијаман, во југоисточна Турција, каде со останатите македонски колеги успејаа да спасат една жена.

    „Ова е едно големо искуство за сите нас, веднаш штом отидовме таму, првата работа што беше е спасување на жена. Тоа ни даде дополнителен мотив повеќе да се посветиме на работата, но за жал немаше преживеани. Работевме со тешка механизација и дадовме се од себе. Многу добри но и лоши моменти ќе ни останат во сеќавање“, изјави Душан Цаневски.

    Куманово беше една од првите Општини што се отповика на меѓународниот повик за помош на Турција и Сирија. Издвои финансиска помош од 1 милион денари и прати спасувачка екипа.