×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските синдикалци и работници ќе се приклучат на Првомајскиот протест во Скопје

    28.04.2023 12:21 | Оливера Пешевска

    Стотина работници од Куманово ќе се приклучат на првомајскиот протест „Работниците се државата“, кој во понеделник  ќе се одржи во Скопје. 

    Кумановските синдикалци и работници ќе се приклучат на Првомајскиот протест во Скопје

    Од Регионалниот синдикат во Куманово велат дека сите подготвки се завршени и работниците ќе заминат на протестот  организирано со неколку автобуси.

     „Состојбата во последниве години се подобрува, но се уште е далеку од добра. Недостиг на соодветен кадар на пазарот на труд си го направи своето, но сепак има работодавци кои не ги почитуваат прописите од Законот за работни односи или тоа го прават само на хартија. Главни забелешки и претставки кои доаѓаат до нас се однесува на неплатената прекувремена работа, неплатена работа на празник, не исплаќање на регресот за годишен одмор-тоа се стари и добро познати болки на работникот“, изјави Миле Спасовски, претставник на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во Куманово.

    Организатор на протестниот марш е Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), а старот е закажан за 1 мај во 12 часот од пред зградата на синдикатот. Се очекува присуство на синдикални претставници од повеќе града од државата. Барањата се добро познати-редовна плата, право на одмор, плаќање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување и почитување на правата што ги имаат работниците.

    Мото на протестот е „Нема оправдување, а има причини“. ССМ смета дека колективното преговарање е клуч за постигнување на саканите цели, затоа што гласот на поединецот не се слуша.