×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските угостители заминаа на протест пред Министерството за финансии

    20.04.2021 09:28 | KumanovoNews

    Педесетина угостители од Куманово, предпладнево организирано заминаа на протест пред Министерството за финансии, кој го организира Туристичко-угостителската комора. Тие заедно со своите колеги од целата држава ќе побараат помош и поддршка од државата за состојбата во која се наоѓаат поради коронакризата и рестриктивните мерки.

    Кумановските угостители заминаа на протест пред Министерството за финансии

    „Имаме доставено три барања до Владата и тоа: еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти во зависност од големината и бројот на вработени, конкретна финансиска помош за рестораните кои организираат свадби и веќе 14 месеци се затворени, како и мораториум на сите кредити или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции. Се потешко и потешко е за работа и доколку не добиеме финсиска помош, најверојатно ќе има отпуштање на вработените, - изјави Тони Димитриевски Шеик, претседател на Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово.

    Во Куманово има над 50 угостителски објекти со околу 2000 вработени.

    (С.Н.)