×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските улици се прскаат со течност и им се фрла сол за да не замрзнат

    15.01.2021 10:24 | KumanovoNews

     По улиците во Куманово од вчера се распрскува специјална течност да не замрзнат, а во централното градско подрачје се фрла сол по синоќешните врнежи од снег.

    Кумановските улици се прскаат со течност и им се фрла сол за да не замрзнат

    На местата каде што има поголеми наноси од снег се интервенира со механизација, соопштуваат од Секторот за урбанизам при Општина Куманово.

    „Прво интервенираме на улиците во централното градско подрачје и булеварите, а потоа се префрлуваме на вториот приоритет, а третиот оди по налог. Се прскаше на „11 Октомври“, „11 Ноември“, Мирче Ацев“, „Видое Смилевски Бато“, „Народна Револуција“, „Бајрам Шабани“, Зелени рид, Биљановце, на патниот правец Куманово-Романовце, а сега механизацијата е и на Пчински пат“, информираше Момчило Јовановски, помошник раководител во Секторот.

    Исто така, од вчера на терен е и екипата на ЈП „Чистота и зеленило“, којашто е задолжена за чистење на останатите површини во централното градско подрачје.

    „Средството се нанесуваше на тротоарите, пред постојки, пешачки премини, пред сите институции, џамија, црква, плоштади и сите пешачки премини“, додаде директорката Цветанка Ивановска.

    Против заледување на коловозот и побрзо топење на снегот се прска со средството „Ice melt“ кое е неотровно и безбедно за околината.

    (Ф.М.)