Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Приближно 1000 земјоделци од кумановскиот регион поднеле барање за субвенции за растително, сточарско и органско производство. Според информациите на подрачната единица на Министретвото за земјоделство, водостопанство и шумарство, дневно по 150 земјоделци поднесуваат барање.
Најголем дел од земјоделците поднесуваат барање за субвенционирање на житните култури за што се исплаќа по 8000 денари по хектар"- вели Скендер Алии, соработникот од подрачната единица.
Новина е што оваа година барање за субвенции може да поднесуваат само сопствениците на имотите , а не како што беше лани и нивните наследници. Од подрачната единица ги повикаа наследниците што поскоро да ги средат имотните листови за да може да поднесат барање за субвенционирање.