×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановското обвинителство поведе истрага за убиство при семејно насилство

    16.01.2023 15:17 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен маж за кого постои сомнение дека го лишил од живот неговиот 65-годишен татко, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

    Кумановското обвинителство поведе истрага за убиство при семејно насилство

    „На 12 јануари, во попладневните часови, на улицата „438“ во Куманово, осомничениот влегол во собата во која престојувале неговите родители, зел кујнски нож и без да биде забележан од мајка му, дошол до креветот на кој спиел неговиот татко и со ножот го прободел во пределот на вратот од левата страна. Како резултат на здобиената повреда, оштетениот обилно искрварил и починал, а осомничениот заминал во соседната соба каде останал до пристигнувањето на полициските службеници“, соопшти ОЈО Куманово.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи мерка притвор во траење од 30 дена, оценувајќи дека лишувањето од слобода е законито.

    Полициски службеници од СВР Куманово, на 12.јануари околу 16.00 часот, го привеле Б.Ј.(40) од Куманово затоа што во семејната куќа во кумановската населба „Иго Тричковиќ“ со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите“, соопшти тогаш МВР.