×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лазаревски најави паркови, дрвореди, детски катчиња, уредување на речното корито во населбата „Панче Пешев“

    05.10.2021 11:04 | Сузана Николиќ

    Населбата „Панче Пешев“ претставува една од најурбаните населени места во Општина Куманово. Во нашата програма „Најдоброто за Куманово“ во мандатниот период од 2021 до 2025 година планираме бројни проекти за целосно решавање на комуналните проблеми со кои се соочуваат жителите на оваа населба, кажа Александра Лазаревски, кандидат за член на Советот на Општина Куманово. 

    Лазаревски најави паркови, дрвореди, детски катчиња, уредување на речното корито во населбата „Панче Пешев“

    „Од нив ги издвојуваме следните:продолжување на улицата „Октомвриска револуција“ до автопатот Е – 75, со што ќе го растеретиме сообраќајот и ќе го подобриме сообраќајниот крвоток на градот, реконструкција на споредните улици и уредување на околниот простор со дрвореди, реконструкцијата на водоводната и атмосферската канализација на „Октомвриска револуција“ со што ќе го решиме проблемот со честите поплави на оваа улица, уредување на речното корито на река Кумановка, хортикултурно уредување на просторот околу колективните станбени згради и зад градинката „Ангел Шајче“, изградба на парк зад локалитетот „Жмара“ и доуредување на паркот К4, како и нивно редовно оддржување со „Мој еколог“ и изградба на две нови детски катчиња“, изјави Лазаревски.

    Таа додаде дека со реализација на овие проекти за 4 години „Панче Пешев“ ќе биде една од најзелените и најубавите населби во Куманово, со целосно решени сообраќајни и комунални проблеми.