Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните да не наседнуваат на дезинформации кои се пласираат на социјалните мрежи, бидејќи нема овид за киндапирање на деца, објави МВР.
„Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“, соопшти МВР.
Вчера попладен на социјалните мрежи беше споделен апел со фотографија од неколку лица, кои наводно се обиделе да киднапираат две девојчиња во околината на Скопје. Пораката беше споделувана од лековерни граѓани, по што стигна предупредувањето од МВР.