×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски пораки пратени во името на Бирото за јавна безбедност и УЈП

    05.04.2023 09:36 | Сузана Николиќ

    МВР ги повикува граѓаните да не наседнуваат на електронските пораките кои деновиве пристигнале кај повеќе граѓани во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, за наводна соработка со Европол, во која се известуваат дека се предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, и притоа ги повикуваат да го контактираат испраќачот.

    МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски пораки пратени во името на Бирото за јавна безбедност и УЈП

    „МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани“, стои во соопштението.

    Исто така, МВР предупредува да не се отвараат линкови и датотеки кои се испратени во прилог на е-маил пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел да се заштити вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

    Ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

    Ги информираме граѓаните и дека во Секторот за компјутерски криминал е пријавено дека е изработена лажна веб страна на Управата за јавни приходи, од каде се испраќаат пораки за некакво задолжително пријавување на лажен линк. Апелираме до граѓаните да не ги отвараат ваквите пораки и да не ги оставаат податоците од своите банкарски сметки затоа што станува збор за измама.