×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лажни се гласините дека има киднапирање на малолетници во градот, информира СВР Куманово

    16.05.2023 15:57 | Сузана Николиќ

    Кумановската полиција најостро ги демантира гласините што се шират помеѓу граѓаните на Општина Куманово за наводни киднапирања, односно обиди за киднапирања на малолетници. 

    Лажни се гласините дека има киднапирање на малолетници во градот, информира СВР Куманово

    Ве известуваме дека станува збор за дезинформации, кои имаат за цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните на Куманово. Во СВР Куманово изминатиов период не е регистрирана ниту една пријава за таков настан, а притоа напоменуваме дека полициските службеници секојдневно вршат физичко обезбедување пред училиштата, редовно се реализираат превентивни активности помеѓу основците и средношколците, со цел одржување на јавниот ред и мир, препознавање на социо-девијантните појави, спречување на болестите на зависност и превенирање на насилството, со посебен акцент на меѓуврсничкото насилство“, соопштуваат од полицијата. 

    Од СВР Куманово апелираат до граѓаните да останат смирени и да не придонесуваат во ширење паника која може да наштети на сите нас, а особено на најмладите.