×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП и ДОМ ја промовираа програмата и кандидатката за градоначалник Димитровска

    14.10.2021 10:07 | Сузана Николиќ

    Движењето „Одлучно за промени“ од ЛДП и ДОМ на синоќешниот митинг во Куманово ја промовираше изборната програма и кандидатката за градоначалник Теодора Димитровска и носителот на советничката листа Валентин Ефтимовски. 

    ЛДП и ДОМ ја промовираа програмата и кандидатката за градоначалник Димитровска

    Димитровска истакна дека нивната програма е изработена врз основа на потребите на граѓаните, а во неа се наоѓа реални и остварливи проекти, како скејтпарк, кино, развој на стопанството...

    „Урбана општина со подобрена економија, помош за мали и средни претпријатија до 200.000 денари за алати и опрема, ќе ги помагаме селските стопанства и ќе привлекуваме ИТ номадите да доаѓаат и да творат во државата. Една од нашите цели е и развој на руралниот туризам. Од друга страна ќе отвораме фармерските зони кои се значајни за заживување на циркуларната економија. Предвидуваме поставување на смарт туристичко информативни табли во Куманово, смарт табли за возен ред на јавниот превоз, воведуваме бесплатна интернет мрежа во јавниот превоз во Куманово. Предлагаме концепти со кои градот ќе стане модерен, европски и зелен град. Граѓаните треба да бидат одлучни за промени и веќе немаат право да кажат дека се е црно-бел свет, еве ја третата опција и тука сме да понудиме вистински граѓански концепт“, рече Димитровска. 

    Таа најави и ваучери за купување на велосипеди и електрични тротинети, фотоволтаични системи на сите јавни објекти во Куманово, а вети и дека ќе ги намалат паушалите на советниците за 6000 денари, а парите ќе се пренаменат за ужинки за децата од училиштата.

    „Можат да не негираат, бојкотираат, да нема место за нас на дебати, да не омаловажуваат и исмеваат, но едно не можат. Не можат да ја достигнат нашата креативност, упорност и борбеност. Нашата одлучност и нашата различност. Нашата верба во младите, но и трајната соработка со постарите. Затоа од ова место денес ве уверувам дека после 17- ти во Советот на Општина Куманово ќе се зборува за нашите мерки и предлози, а нашите идни советници силно ќе се борат за сите наши идеи да бидат преточени во реалност“, рече таа.

    Лидерот на ЛДП, Горан Милевски вели дека се одлучиле за заеднички настап на локалните избори за да се смени триесетгодишната слика на мегаломански предизборни ветувања.

    „Теодора е вистинско изненадување не само за Куманово, туку и во целата изборна кампања, таа се соочи со искусни луѓе во политиката и со нив многу добро се справи, прв пат жена кандидат и во Куманово, горди сме на нејзината кандидатура се надеваме дека тоа ќе го препознаат кумановци и ќе дадат поддршка да се променат работите“, рече Милески. 

    Зелената агенда останува приоритет во движењето, истакна лидерката на ДОМ, Маја Морачанин.