Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на ЛДП, денеска во соопштение го прашуваат локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, кои се придобивките на граѓаните на Куманово од проектот „Скопје 2014„, кои тие безусловно го подржуваат.
Како трите жалните врби од 250.000 евра го подигнаа квалитетот на живот, на жителите на Куманово? Како панорамското тркало кое чини неверојатни 18,5 милони евра ќе го подигне економскиот стандард на нашите сограѓани? Како галиите во Вардар и еден куп споменици придонесоа Куманово денеска, после 8,5 години од доаѓањето на ДПМНЕ на власт да живее подобро? Дали со новата барокна фасада на Владата од 10 милони евра и барокна ограда за мост од 1 милон евра ќе се зголеми куповната моќ на граѓаните на Куманово? Колку пари од кумановските граѓани, во изминатите години завршија во овој проект ако се има во предвид дека токму владата на ДПМНЕ тврдеше дека целиот проект нема да чини повеќе од 80 милони евра, за денеска целиот проект да надминува фантастична сума од 600 милони евра? Дали и кога конечно ќе заврши овој проект со оглед дека проектот неколку пати со текот на годините беше надградуван со нови проекти и планови кои не беа во првичната замисла за СК 2014, а владата најавува нови објекти кои допрва треба да се градат, а тоа значи уште пари за овој проект?- прашуваат од ЛДП
Од ЛДП сметаат дека подржувачите на овој проект не можат и нема да бидат амнестирани од одговорност и затоа со нетрпени ги очекуваат одговорите на поставените прашања.