Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ЛДП тврдат дека анализите на Меѓународната организација за работа во Женева покажале дека состојбата со невработеноста во Македонија станува се полоша и дека 30,9 одсто од младите и работоспособни граѓани се без работа, односно пола милион млади се на товар на родителите.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ која дојде на власт во 2006 година, сеуште реалноста ја гледа преку портокалови очила. Тврдат дека ја намалиле невработеноста на 30 проценти, а на младите на возраст до 30 години на 26 одсто. ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на официјални информации прави груба манипулација. Наместо долгорочно да го решава овој горлив проблем ги залажува младите со привремени партиски вработувања во јавниот сектор - изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП.
Во Македонија работа се добива најчесто преку партиски и роднински врски. Многу од младите заминуваат на работа во странство, се одлучуваат за работа на брод која нема врска со нивното образование, објаснуваат од ЛДП. Тие апелираат до подмладокот на владејачката партија наместо да парадираат секој ден на плоштадот, да бараат од својот лидер решавање на проблемите и нови вработувања.