×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП: УЈП и МРТ да не си поигруваат со граѓаните

    06.11.2012 11:33 | KumanovoNews

     Од општинската организација на ЛДП Куманово велат дека пред две недели први ја информирале јавноста дека на граѓаните кои живеат во исто домаќинство им стигнуваат по неколку сметки за радиодифузна такса, но МРТ досега не презела ништо за да се спречи манипулацијата со незаконско оданочување.

    ЛДП: УЈП и МРТ да не си поигруваат со граѓаните

    По овој скандал, следуваше нејасно соопштение каде МРТ се извинува за направените пропусти и ги повика граѓаните да достават писмени барања за исправање на оваа грешка до одделението за радиодифузна такса. Меѓутоа од тука се гледа дека МРТ не кажува дека ќе ја поправи збрката со тоа што ќе бара наплата само за една сметка на една адреса, туку бара граѓаните да доставуваат писмени барања за исправка на настанатата грешка. ЛДП Куманово јавно прашува дали оние граѓани кои нема да достават писмени барања за исправка, ќе се сметаат за должници и истите можат да очекуваат на нивните врати да затропа извршител? - изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП Куманово.

    Според Јаневиќ, нејасно е дали оние граѓани кои платиле претплата поединечно ќе бидат обештетени.

     Во исто време сакаме да ја охрабриме Дирекцијата за заштита на личните податоци докрај да истражи од каде и се на МРТ личните податоци на граѓаните и како оваа телевизија знае од колку члена е составено семејството на повеќето граѓани. Затоа бараме од МРТВ и УЈП без одлагање да престанат со ова подло однесување кон граѓаните во Република Македонија, поигрувајќи си со нивните нерви и толеранција - додаде Јаневиќ.

    Од ЛДП Куманово апелираат оние кои ја направиле грешката по службена должност да ја исправат.