Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
462 дивоградби на територија на општина Старо Нагоричане се легализирани, а 170 барања се во процедура.
Од општината велат дека се задоволни од тоа како тече процесот на легализација, и ги потсетуваат граѓаните дека до крајот на оваа година треба кај нив да достават елаборати.
“ Во фаза на решавање се 170 барања за легализација, кои не биле со комплетна документација или од технички причини не сме излегле на терен. Сега временските услови се добри и ќе продолжиме со активностите, за да направат фотографии и записник од објектите кои треба да се легализираат“- објаснуваат од секторот за урбанизам од општина Старо Нагоричане.
Во секторот за урбанизам се поднесени вкупно 2070 барања за легализација на бесправно изградени објекти.