Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Леонид Петковски од Техничкото училиште ,,Наце Буѓони’’освои прво место на националниот натпревар Microsoft Office Specialist (МОС), и се стекна со право да учествува на меѓународниот натпревар во Орландо, Флорида – САД.
Натпреварот е во организација на CertiAdria преку тестинг центар E-НЕТ и претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word, Excel и PowerPoint.
На општинскиот натпревар учествувале педесетина ученика, а шест земале учество на националниот МОС натпревар во Скопје.
“Во Општина Куманово како дел од проектот за унапредување на дигитална писменост на младите од 13 до 22 години, беа доделени МОС сертификатите на учениците од основните и средни училишта од градот. Oпштина Куманово веќе петта година дава финансиска поддршка на овој проект и по тој повод денеска секретарот на општината, претседателката на Советот и претставници од ИТ одделението имаа средба со наградените ученици, нивните ментори и организаторите“, соопштуваат од Општина Куманово.