Мени

Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ ќе пеат за Денот на ослободување на Куманово

03.10.2019 13:11 | KumanovoNews

Балканските ѕвезди Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ,  ќе настапат на прославата по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.

Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ ќе пеат за Денот на ослободување на Куманово

Лепа Брена ќе одржи концерт на 10 ноември, а Лончаревиќ на 9 ноември. За 8 ноември уште се преговара со групи и пејачи од албанската музичка сцена и познати македонски диџеи.

Предгрупа на првата вечер ќе биде „Некс тајм“, а втората вечер српскиот дувачки оркетар на Бојан Ристиќ.

Концертите ќе се одржат на Градскиот плоштад во Куманово.

Општина Куманово и оваа година организира богата културно-уметничка програма за одбележување на годишнината од ослободувањето на градот, како и големиот јубилеј 500 години Куманово.

(фото: улица.мк и mic.org.rs)