„Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски во трка за роман на годината
16.02.2021 12:14
| KumanovoNews
Романот „Лето во кое те нема“ на Петар Андоновски остана во потесниот круг кој ќе конкурира за големата награда за 2020 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Од пристигнатите 41 роман, жири-комисија составена од пет реномирани членови, избра 18 дела кои ќе се борат за наградата. Победникот со најдобриот роман ќе освои: плакета и парична награда од 150.000 денари.
Жири-комисијата треба да го прогласи победничкото дело најдоцна до 15-ти март.
(Д.Д.)