×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левица поднесе иницијатива до Советот за изградба на споменик на полицајците загинати во Диво Насеље

    11.05.2023 07:47 | Сузана Николиќ

    Советникот на Левица Никола Лазаревски, вчера на Советот на Општина Куманово му предложи на дневен ред да се најде точка на која ќе се донесе одлука за изградба на споменик на полицајците загинати во Диво Насеље.

    Левица поднесе иницијатива до Советот за изградба на споменик на полицајците загинати во Диво Насеље

    „Предлагам иницијатива за изградба на спомен обележје во чест на загинатите припадници на безбедносните сили на Република Македонија од вооружениот конфликт кој се случи во Диво Насеље“, кажа Лазаревски пред советниците.

    Иницијативата доби поддршка, и со 14 гласа за и 6 против беше усвоена да се стави на дневен ред,  но откако седницата беше прекината,  таа беше повлечена од самиот предлагач без објаснување, иако предходно беше изгласана. Повлечена беше и предлог-одлуката за враќање на двонасочниот сообраќај на ул. „Тоде Мендол“, која немаше поддршка.

    По паузата, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска кажа дека во иднина при утврдување на дневниот ред нема да се прифаќаат иницијативи и предлог - одлуки, кои предходно не се доставeни до комисиите и не се образложат на координација пред почетокот на седницата, за да не се создаваат забуни.

    „Поднесената иницијатива за подигање споменик во чест на осумте загинати припадници на специјалните полициски сили во Диво Насеље, од страна на советникот на Левица, Никола Лазаревски, беше повлечена поради неусогласеност со законските и деловничките одредби“, објави подоцна Ѓорѓиевска на Фејзбук.