×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лицата со попреченост исклучени од политичко учество

    28.04.2023 23:23 | Оливера Пешевска

    Лицата со попреченост имаат еднакви права за политичко учество и треба да бидат поддржани и прифатени со вклучување во политичките и други процеси, што ќе овозможи нивна целосна партиципација во општествениот живот, беше истакнато на панел дискусијата „Политичкото учество на лицата со попреченост, организирана од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, што се одржа во ресторан „Грација“ во Куманово.

    Лицата со попреченост исклучени од политичко учество

    „Од 1990 година до сега се уште немаме пратеник во Собранието на Македонија со попреченост, а во Куманово немаме советник со попреченост. Носат одлуки во нивно име, иако не се прашани дали тие одлуки се оправдани и затоа имаме лоши државни и локални политики. Учеството на лицата со пореченост ќе придоне политичките партии да осознаат кои се потребите за вклучување на овие лица, но и како да креираат инклузивни политики, истакна Благица Димитровска, претседателка на „Инклузива“.

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се согласува дека лицата со попреченост заслужуваат да имаат свои легитимни претставници во сите државни институции, првенствено таму каде што се носат законските решенија – во законодавниот дом и во советите.

    „Со отворање и актуелизирање на оваа тема мислам дека во следнот период ќе се постигне напредок и ќе видиме лица со попреченост и на добитни места. Иако досега имало обиди да анимираме лица со попреченост, дури и за носители на листи, не прифатија, но мислам дека со дискусија и разговор ќе можеме да ги охрабриме да земат политичко учество. Од мене, мојот тим, како и општинските служби секогаш имаат поддршка“, рече Димитриевски.

    На панел дискусијата беше подвлечено дека во јавноста се уште постојат стереотипи и предрасуди за лицата со попреченост, иако тие најдобро ги познаваат своите потреби и можат да придонесат за најадекватни решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат.

    „Не се согласувам со ставот дека лицата со попреченост немаат доволно капацитети, туку немаат можности и услови да се истакнат и докажат. За жал, најголема попреченост кај нас е тоа што се случува во општеството. Пример: професор по физичко е во судство, професор по музичко е во здравство, тука е попреченоста, затоа ние не функционираме. Проблемот е во тоа што лице со соодветно образование и капацитети кое може да одговори на одредена задача се оспорува само затоа што има попреченост“, посочи Бојана Младеновска од „Инклузива“.

    На панел дискусијата присуствуваа лица со инвалидитет, претставници од невладиниот сектор, членови на политички партии, како и претставници од локалната власт и општинската администрација.