×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛИДЕР ќе го развива кумановскиот микро-регион

    04.09.2014 09:15 | KumanovoNews

    Преставници од кумановски микро-регион ќе формираат  локална акциска група, која ќе аплицира со проекти за добивање на средства од европската ЛИДЕР програма.

    ЛИДЕР ќе го развива кумановскиот микро-регион

    Во оваа група ќе влезат луѓе од различни сектори од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, кои ќе се регистрираат како правен субјект во Министерство за земјоделство и во 2016 година ќе аплицираат за средства од ЛИДЕР програма.

    “Оваа локална акциска група треба да биде избалансирана на принцип на јавно - приватно партнерство. Не е предвидена точна бројка, но се предвидени точни квоти од кој сектор колку ќе влезат. Ќе треба да има барем 50 отсто од граѓанските здруженија, од нив 30 отсто од основачки состав треба да бидат жени, да има претставници на млади, но секако треба да учествуваат и оштините, Центарот за развој на североисточен плански регион, претставници на бизнис заедницата, комори на занаетчии“ - изјави Звонко Наумоски, консултант од “Идеа океј“.

    Не е даден прецизен рок до кога треба да се оформи локалната акциска група, но една година ќе се работи со луѓето кои ќе влезат во оваа група за да бидат подготвени за аплицирање за програмата. Нивните проекти треба да бидат насочени на решавање на локални проблеми во руралните средини.

     “ЛИДЕР програма е многу добро замислена и е корисна. За жал се што е кај нас поврзано со европски фондови доцни 6 - 7 години. Најголемиот проблем е да тргне да се работи. Ние се подготвуваме за нешто што ќе биде за 2-3 години, луѓето се истоштуваат и најголем проблем е што се троши времето“ - рече Трајан Димковски, претседател на “Рурална коалиција“.

    Локална акциска група ќе добие и кривопаланечкиот микрорегион кој исто така опфаќа три општини.