×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липково ќе пие вода од Глажња

    02.03.2012 15:28 | KumanovoNews

     Министерството за животна средина и просторно планирање издало согласност, Липково да се приклучи на акумулацијата Глажња и да добие 200 литри во секунда вода за потребите на Општината.

    Липково ќе пие вода од Глажња

     Министерот Абдулаќим Адеми, смета дека тоа нема дополнително да го проблематизира водоснабдувањето на Куманово, бидејќи во езерата имало доволни количини вода за двете општини, а градот имал и свои извори. Мислењето на Водостопанство  дека со приклучувањето на водоводот на Глажња ќе се наруши постоечкиот концепт на функционирање на двете брани, и во целост ќе го поремети дотурот на вода кон Куманово, не е земено во предвид.

     По барање на Општината Липково ние дадовме водостопанска согласност, и таму се дефинирани сите работи до кои Општината како инвеститор треба да се придржува. Ние ги почитуваме мислењата од сите релевантни институции, меѓутоа ги имаме во предвид и барањата, и потребите на жителите на Липково, да имаат вода за пиење- изјави министерот.

    Водоводниот систем од Липково кон Глажња, повеќе од една година се гради на диво за да се поврзе на горната акумулација, а не како што во 2000 година добиле одобрение  да се приклучат на долното езеро Липково, каде што се наоѓа и цевководот за Куманово. Од првичните 25л/с колку им одобрило Министерството за земјоделство, сега Општината добива право на користење на 200л/с. Луѓе кои ја познаваат оваа проблематика велат дека со таквата, подеднаква распределба на водата, за неколку години Куманово ќе остане жедно, затоа што Липково е земјоделски регион.

    Не се точни таквите констатции, бидејќи, Глажња и Липково имаат доволни количини вода и за наводнување. Езерата се поврзани, а Куманово користи и други количини на вода, а тоа се бунарите. Меѓутоа приоритет по законот на води има водата за пиење, токму затоа ние мора како држава да обезбедиме вода за пиење и за Куманово и за Липково- тврди Адеми.

    Министерот вели дека Липково нема да се приклучи на водоводот утре, бидејќи станувало збор за голем проект со пречистителна станица. Дотогаш ќе се инвестирало во нов цевковод за да се намалат загубите на вода, а имало идеја и да се изгради нова акумулација.

    Една од причините зошто се одлучивме да дадеме согласност Липково да се приклучи на Глажња е токму пречистителната станица, која ќе биде над браната Липково, за да не користи Општината пумпи за водата до пречистителната станица. Меѓутоа ние имаме проект за нова акумулација во Липково, но таа е сеуште во фаза на идејно решение-рече министерот.

    Во Липковските акумулации годишно се собираат 30 милиони кубни метри вода, од кои Куманово троши помеѓу 6 и 7 милиони кубика, а останатите количини се користат за наводнување и за индустријата.

    Последните години поради сушата, нивото на водата во езерата е постојано на критично ниво, а граѓаните на Куманово се соочува со сериозни проблеми во водоснабдувањето и во зима.