×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обновено: Листата на Вучиќ победи и во Куманово

    18.12.2023 11:59 | Сузана Николиќ

    Во Куманово, изборната листа „Србија не смее да запре“ на владеачката Српска напредна странка (СНС) освоила 95 отсто според прелиминарните резултати од гласањето за парламентарните избори во Србија.

    Обновено: Листата на Вучиќ победи и во Куманово

    Граѓаните од српската заедница од Куманово вчера гласаа во Клубот на резервни воени ветерани. Претседателот на избирачкото место бр.54 Зоран Ковачевиќ, кажа дека гласањето се одвива без проблеми.

    На избирачкото место бр.54 има вкупно запишани 420 избирачи. Гласале 364 гласачи, од кои 359 ливчиња се важечки и 6 не се важечки ливчиња.

    Најмногу гласови 341 добила изборната листа на „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“,  9 гласови листата на Ивица Дачиќ, 3 гласа листата на "Србија против насилство", и по еден глас Нада за Србија, Српска радикална партија, партијата на Борис Тадиќ и на д-р Бранимир Несторовиќ.

    Државната изборна комисија утрово соопшти дека изборната листа „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила над 47% гласови, па следуваат опозициските партии здружени во листата „Србија против насилството“ со 22,86%. На третото место е листата на Ивица Дачиќ со 6,67% гласови.