Литературен конкурс за учениците од Куманово
17.09.2015 15:19
| KumanovoNews
Друштвото на писатели Куманово распиша награден литературен конкурс за основци и средношколци од општина Куманово.

Темите за основците се “Случка“ и “Подарок“, а за средношколците се “Среќа“ и “Бегалци на денешницата“. Учениците можат да учествуваат со песни до 35 реда и есеи не подолги од страница и пол. Најдоцна до 18 октомври творбите треба да се достават во книжарницата “Публикум“. Најдобрите на конкурсот ќе бидат наградени со дипломи и книги.