×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Литературно читање за Денот на жената

    05.03.2014 13:58 | KumanovoNews

    Во Гимназија “Гоце Делчев“ денеска се оддржа литературно читање во чест на 8 март - празникот на жената.

    Литературно читање за Денот на жената

    Учениците и поетите од Друштво на писатели Куманово се претставија со свои творби, а беа прочитани и песни од македонски и светски познати автори.

    Учествуваат 20 - тина ученици, инаку ова литературно читање е традиционално и се организира по повод меѓународниот ден на жената - 8 март. Учениците ќе дадат еден придонес, благодарност за своите професорки, за сите мајки, тетки, баби. Имаме уште една активност во петок. Сите професорки ќе добијат скромни покани во кои ќе има благородни мисли за љубовта, животот, мудроста - вели Лидија Тасевска, професор по македонски јазик.

    Поетите велат дека преку ваквите поетски читања настојуваат да ги поттикнат учениците да читаат, творат и да ја сакаат книгата.

    Ние соработуваме, овдека сме гости за патронатот и за 8 март и се надевам дека таа традиција ќе продолжи. Мотивот на Друштво на писатели е да ги поттикнеме учениците повеќе да читаат и повеќе да творат. Своите најубави мисли да ги преточат во песна или било каков текст, што ќе го привлече вниманието на другите - изјави Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.

    Поезија читаа учениците кои се дел од литературниот клуб кој функционира во училиштето.