Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заеднички ги осудија нападите и побараа да превладее духот на соживот, толеранција, разбирање и почитување.
По двата инциденти што се случија синоќа на подрачјето на Општината Куманово, денеска во локалната самоуправа се одржа состанок на координаторите на советнички групи , на кој присуствуваа градоначалникот, полицијата и ОБСЕ. При тоа заеднички ги осудија нападите, и побараа од надлежните институции што побрзо да ги најдат сторителите кои на подмолен начин сакаат да го нарушат добриот меѓуетнички соживот во Кумановско.
Настанот го осудуваме, бидејќи ваквите настани не се својствени за нашата општина и не се случувале до сега. Затоа апелираме до сите во Општината да превладее духот во кој живееме, соживот, толеранција, разбирање и почитување. Ние како надлежни субјекти во политичкиот живот и како најодговорни во градот ќе апелираме овој дух да преовладее, а секако надлежните органи во најбрза можен рок да ги пронајдат сторителите на овој немил настан. Оваа порака ја праќаме заеднички, без разлика на политичка, национална и верска припадност - изјави претседателот на Советот Виктор Цветковски.