×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Локалните музеи бараат рамноправен третман со националните музејски установи (видео)

    31.01.2022 15:23 | Жаклина Цветковска

    Локалните музеи се главниот репрезент на културата, традицијата и историјата на локалната заедница. Тие го заштитуваат, чуваат и презентираат културното наследство. Како собирачи и чувари на локалните вредности од нив потекнува јадрото на кое се темели целокупното национално културно- историското богатство на државата.

    Но, за жал, овие локални установи се уште немаат соодветно место во македонското општество и се уште се соочуваат со нерамноправен статус во однос на националните музејски установи.

    Довршувањето на децентрализацијата и соодветно финансирање се нивните најголеми предизвици, а своите барања ги артикулираат преку Мрежата на локални музеи, формирана 2019 година. Во неа членуваат 8-те локални музејски установи во државата и 2 галериски збирки во кои спаѓаат музеите на Град Скопје, Велес, Крива Паланка, Кратово, Виница, Свети Николе, Неготино и Кавадарци.

    „Целта на здружувањето на локалните музеи на некој начин е една кауза за рамноправен третман на локалните музеи заедно со останатите музејски институции во нашата држава. Истовремено, тоа значи и поттикнување на довршувањето на процесот на децентрализација идеметрополизација на културата, како и деконцетрација на кадрите. Значи, нешто што е напишано согласно македонските стратешки документи на Министерството за култура, предвидено во некои од законските решенија, на Министерството меѓутоа докрај неизведено“, вели Драган Величковски, претседател на Мрежата на локални музеи и директор на ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

    Мрежата на локални музеи бара да се надмине дисбалансот преку промена на статусот и начинот на финансирање, што во нашата држава не е докрај предвидено, ниту завршено.

    „Најпрвин, она што ја иницира потребата од формирање на мрежата е нерамноправниот статус на двата музеја кои што се членки на мрежата. Тоа се Градскиот музеј од Крива Паланка и Музејот „Теракота“ од Виница, кои што се музеи кои се основани и финансирани целосно од своите општини. Понатаму, шесте други музеи во мрежата се финасираат со блок дотации од централниот буџет, а сите останати национални музеи се финасираат директно од централниот буџет. И токму тие се на некој начин фаворизирани , бидејќи поголем дел од буџетот за култура, предвиден во програмите за заштита на недвижно културно наследство и музејска дејност одат кон националните музејски установи. Од друга страна и поголем дел од вработувањата се во овие установи“, нагласува Величковски.

    Од Мрежата сметаат дека во согласност со Националната стратегија за култура и досегашните законски решенија, поголем дел од музејските установи да преминат на локално ниво, односно да бидат децентрализирани , а локалните музеи да бидат рамноправни со нив.

    „Сметаме дека во нашата држава треба да има само неколку национални установи во музејската дејност, сето останато треба да биде на локално ниво. Меѓутоа, ние се залагаме и за промена во делот на финансирање, кое што е клучно при таа трансформација“. Тој модел треба да биде рамноправен и избалансиран и да се финансира од централниот буџет“, вели Величковски.

    Тој нагласува дека Мрежата на локални музеи и ЗЕЛС имаат свои решенија за овој процес, но дека останува Министерството за култура и државата да одлучат според кој модел ќе се децентрализираат и финансираат овие установи.

    Во меѓувреме, самоорганизираноста на локалните музеи и нивните заложби даваат одредени резултати преку воспоставување на добра соработка со Комисијата за култура и истата екипа во Министерството за култура.

    „Тие го разбираат нашето барање, подобрени се одредени состојби кои што се однесуваат на Годишната програма за финансирање на културата. Така, на некој начин, локалните установи, не само музејските, се фаворизирани во однос на останатите буџетски корисници. И оваа година истата таа тенденција се задржа, меѓутоа, она што е разбирање од друга страна треба да се преточи на повисоко ниво, а тоа се највисоките национални органи да донесат законски решенија кои ќе ги задоволат нашите барања“, порачува Величковски.

    Брањето на Мрежата на локални музеи за рамноправен статус со националните установи го поткрепува со фактот што овие локални институции се директно поврзани со локалната заедница, која се идентификува преку локалната историја и традиција.

    „Овие установи се дел од системот за заштита на културното наследство, што е многу важно. Тие исполнуваат одредени законски услови, а од друга страна имаат и законски обврски да го штитат и да го чуваат и презентираат културното наследство. За локалната заедница една музејска установа значи многу, бидејќи ја презентира локалната култура, традиција и историја.“, посочува Величковски.

    Како пример за поврзаноста на општината, заедницата и установата, тој го наведува Градскиот музеј од Крива Паланка.

    „Најголемите културни активности во градот ги финансира токму општината. И мислам дека општина Крива Паланка е добар пример како се имплементира културата и културните активности, а од друга страна и како се заштитува културното наследство. Сметаме дека и во следниот период треба да се продолжи во таа насока“, заклучува Величковски.

    Локалните музеи бараат рамноправен третман со националните музејски установи (видео)