×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ловџиите да ги известат граѓаните за нивните активности

    07.08.2015 15:30 | KumanovoNews

    Со почетокот на ловната сезона полицијата ги предупреди ловечките здруженија да се однесуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби поврзани со носење на оружје, употреба на алкохол и транспортот на уловениот дивеч.

    Ловџиите да ги известат граѓаните за нивните активности

    Овие препораки им ги пренесоа од отсекот за превенција при СВР Куманово на дешната средба со ловните друштва “Сокол“, “Шчипоња“ и “Фауна“. Вакви состаноци секоја година се прават откако ќе почне сезоната на ловење на прелетен дивеч.

    “Како заклучок се донесе да има заеднички патроли од страна на сите три ловечки друштва со полициски службеници, а со цел да се спречи злоупотреба на ловечкото оружје, ловокрадство, употреба на алкохол за време на лов и секако ловење без соодветна ловечка дозвола за одредено друштво. Разговаравме и за заеднички придонес за зачувување на јавниот ред и мир во однос на вознемиреност  на граѓаните кога се оди на лов. Да има пред почеток на секој викенд во зависност што се лови, да има известување до граѓани и медиуми и да не се создава непотребна паника и страв“- изјави Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција.

    Непочитувањето на овие одредби може да резултира со поднесување на прекршочни пријави и строги казни.

    Изминатите два викенда поради почетокот на ловната сезона за прелетен дивеч, се слушнаа исрели од огнено оружје од периферијата на градот, поради што дојде до голема вознемиреност кај граѓаните. Подоцна од ловечките здруженија објаснија дека пукањето било од ловци, меѓу кои и гости од Бугарија, Грција и Србија.