Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот полициски синдикат ги повика своите членови да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушуваат угледот на институцијата во која работат и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии.
„Само со професионален пристап и професионално работење за време на локалните избори 2021 година ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните, која тие ја имаат
како за вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за вработените во Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финасиска полиција. Само така граѓаните ќе прифатат дека нашите активности на теренот се во нивни интерес, во интерес на безбедноста и стабилноста на нашата земја“, се вели во соопштението на Полицискиот синдикат.
Оттаму повикуваат дека безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија,затоа што само како деполитизирани можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите.
„Истовремено, ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби со „нарачани мизерни соопштенија презентирани од презентери со растреперен глас и растреперни раце“, бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби“, стои во соопштението.