×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонските граѓани може да вложуваат во американски државни обврзници

    15.06.2023 13:27 | KumanovoNews

    Граѓаните на Македонија ќе може да вложуваат во американски државни обврзници.

    Македонските граѓани може да вложуваат во американски државни обврзници

    Коста Костадиновски од Капитал Асет Менаџмент потврди дека може да се купат американски државни обврзници по добри цени со годишен принос поголем од 3 отсто. Обврзницата е финансиски инструмент, кој овозможува сигурност на вложените средства, загарантирана камата и исплата на главницата.

    „За голем дел од граѓаните е соодветно да вложуваат во сигурни пласмани со фиксен принос. Тоа е карактеристика на вложувањето во обврзница издадена од САД која има највисока оценка за кредитен рејтинг од повеќе меѓународни рејтинг агенции, како што се „Fitch“ и „Moody′s“. Потоа, има загарантирана камата – кога се инвестира во обврзница се заработува од каматата и од загарантираниот износ на вредноста на обврзницата во моментот на доспевање. Во моментов американските обврзници со рочност до две години се добра можност на пазарот“, вели Костадиновски.

    Според него, купувањето на обврзницата се врши во долари, односно нема потреба од нивна размена. Вложувањето е одлична алтернатива на депозити во американски долари, бидејќи банките нудат многу ниски камати за орочените долари, најмногу заради ограничените можности за кредитирање во американски долар.

    Секој што сака да купи обврзница, оптимално би требало да вложи приближно 10.000 долари. На пример, доколку се купи обврзница во вредност од $10.000, со рочност до декември 2024, лицето ќе оствари нето заработка од приближно $500, односно 3,14% ефективна годишна камата.

    Повеќе информации во менувачница МИСТЕР ДОЛАР 077 531185

    (комерцијален текст)