Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советникот Максим Димитриевски од СДСМ е новиот претседател на Советот на Општина Куманово.
Тој ја доби подршката на советниците на вчерашната седница, откако беше разрешен досегашниот председавач Виктор Цветковски. Димитриевски како прв меѓу еднаквите очекува добра соработка со советниците независно од политичката припадност, исто како и со градоначалникот и општинските служби.
Нема ништо да се смени во мојот однос кон Советот освен што ќе имам дополнителна одговорност во работењето. Планирам да интервенирам на одредени технички недостатоци во Советот, а пред се на обезбедување на место за непречена работа на новинарите. Потоа ќе настојувам во координација со градоначалникот да воведам поголема дисциплина на општинските служби за време на седниците, како и да ја подигнеме довербата на двата органи на локалната сампоуправа Совет и Градоначалникот. Мораме да го подигнеме нивото на меѓусебната официјална комуникација на советниците и да ја искорениме пракста на злоупотреба на процедуралната интервнција во делот на матерјалната расправа. Ќе се залагам за поголема информираност на јавноста за работата на Советот. Ќе свикувам почести координации со претставниците на советничките групи се со цел да се избегнат долгите матерјални расправи- изјави Димитриевски.
Димитриевски како советник беше критичар на работењето на општинската администрација и градоначалникот. Тој е дипломиран правник, сопственик на приватна фирма.