Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со исклучок на Гимназијата “Гоце Делчев“ каде се тестираа 60 отсто од учениците, во стручните училишта во Општината, бројот на тестирани ученици е многу помал.
Иако сите предуслови беа обезбедени во техничкото училиште „Наце Буѓони„ од 199 ученици, се тестирале 55 ученици.
“Од учениците кои следат настава на албански наставен јазик на екстерното не се појавил ниту еден ученик“ - кажа Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.
Само тројца ученици од средното стручно училиште „Перо Наков„ го завршиле тестирањето, соопштија надлежните.
„Вкупно имаме 135 ученици од завршните години кои настава следат на македонски и 22 на албански јазик „- вели директорката Лидија Тасевска.
Во „Киро Бурназ„ се тестираа 16 од вкупно 74 пријавени ученици.