×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мал процент на деца со примена МРП вакцина во Куманово, закана за враќање на искоренетите болести, велат надлежните

    25.04.2023 10:09 | Оливера Пешевска

    Многу малку деца во Куманово се вакцинирани со МРП вакцината против морбили, рубеола и паротитис, која им се дава на децата со полни 12 месеци. Тоа е и закана да се вратат веќе искоренетите болести кои можат да бида смртоносни, апелираат надлежните од Одделението за вакцинација во Куманово кои ги повикуваат родителите да ги имунизираат своите деца за даги
    заштитат од ризикот од опасни болести.

    Мал процент на деца со примена МРП вакцина во Куманово, закана за враќање на искоренетите болести, велат надлежните

    „Имаме многу мал опфат од популацијата опфатени со МРП вакцината,која непотребно се наоѓа на лош глас. Ризикуваме да се вратат искоренети болести кои можат да бидат смртоносни, како вариола вера,морбилите или полио. Антиваксерската кампања е многу силна,се вложуваат многу пари во неа и, за жал, што и да кажеме или апелираме се зима со резерва, вели д-р Валентина Богоевска,педијатар,началник на Одделението за вакцинација во Куманово.

    Таа појаснува дека недоволно едуцирани и информирани луѓе шират паника на социјалните мрежи и интернет дека МРП вакцината е поврзана со појавата на аутизам.

    „И јас имам слушнато од некои родители дека детето покажало симптоми по примањето на вакцината,но кај нас нема пријавен ниту еден единствен случај. А имаме и невакцинирани деца на 4-5 години кои исто така заостануваат со говорот,имаат емотивна ограденост од околината и сите други набројани симптоми кои се поврзуваат со аутистичниот спектар.Но, причината мора да се бара на друга страна, а не во вакцините“, истакнува Богоевска.

    Некои од родителите, вели, се јавуваат на повиците на здравствените работници и по консултација и малку размислување се сложуваат да ги вакцинираат децата, други пак тоа го прават за да можат да ги запишат во градинка. Некои родители, пак, се уште категорично стојат на ставот децата да не се вакцинираат.

    За разлика од МРП вакцината, пак, имунизацијата на децата со другите редовни вакцини, како БСЖ и Хепатит Б вакцините, се реализира со многу висок процент.

    „Дури и децата родени во приватните болници во Скопје доаѓаат и ја примаат првата доза на вакцините кои се даваат веднаш по раѓањето и тука имаме 90-95% вакцинирани деца. Бројката и во првите две до три години е висока и имаме голем опфат на деца вакцинирани со 3 дози од вакцините задолжителни по вакционалниот календар. Но и овој процент секоја година постепено паѓа“, изјави Богоевска, која нагласува дека вакцините што се аплицираат во Куманово се произведени во земјите на ЕУ,подлежат на строга регулатива и се складираат и чуваат според предвидените стандарди.

    И новиот глобален извештај на УНИЦЕФ нотира дека по ковид кризата има големо намалување во перцепцијата на јавноста за важноста од рутинска вакцинација кај децата од предучилишна и училишна возраст. Во Македонија 11% од децата помали од една година се со „нула-доза“  примени вакцини, а државата го дели непопуларното второ место заедно со Босна и Херцеговина
    и Киргистан.Но, додека во светски рамки се зборува за земји каде невакцинираните деца живеат во најсиримашните, рурални делови, загрижувачки е што кај нас децата со „нула доза“ се главно од урбаните средини и побогатите семејства.

    Глобалниот извештај на УНИЦЕФ дава листа со препораки меѓу кои најрелевантни за Македонија се да се продолжи со идентификување на сите невакцинирани деца и истите да се вакцинираат, особено оние кои пропуштиле вакцинации за време на пандемијата на ковид-19, да се зајакне довербата во вакцините, вклучително и преку тесна соработка со локалните заедници со цел решавање на нивните потреби и грижи поврзани со вакцинацијата, да се даде приоритет на финансирањето на службите за имунизација и примарната здравствена заштита и да се изградат отпорни здравствени системи преку инвестирање во здравствените работници.