„Малата сирена“ за денеска распродадени, утре уште едно издание

23.02.2021 - 14:29

Во Театар Куманово денеска во 18 часот ќе се одигра претставата „Малата сирена“. За денеска сите билети се распродадени, а доколку има интерес утре ќе се игра уште една претстава.

„Малата сирена“ за денеска распродадени, утре уште едно издание

„По цени од 50 денари за деца и 100 денари за возрасни, целиот капацитет по здравствените протоколи денеска ќе биде исполнет“, соопштуваат од Театар Куманово.

„Малата сирена“ е по мотивите на Ханс Кристијан Андерсен, а во режија на Бојана Краљевска. Актерската екипа ја сочинуваат: Кети Дончевска Илиќ, Жарко Јовановиќ, Владанка Димковска, Александра Михајловска, Никица Јанковски, Дубравка Киселички, Марко Трајковиќ и Владо Дојчиоски.

Билетарницата работи од 10 до 14 и попладне од 17 до 20 часот, за репризното издание утре, во четврток.

 (Д.Д.)


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk