Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дизел горивото од вечерва по полноќ ќе поевтини за 1 денаро по литар, а цената на нафтата за домаќинствата ќе се намали за половина денар.
Бензинот од 95 октани ќе поскапи за 1 денар, додека цената на бензинот од 98 октани ќе се зголеми за половина денар. Поскапува и мазутот за 0,652 денари по килограм.
Вечерва по полноќ цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС - 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,391 (денари/килограм)
Од Регулаторната комисија за енергетика потсетуваат дека станува збор за максимални цени, а дека трговците нафтените деривати можат да ги продаваат и по пониски цени.