Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Е.Р. (15) од Куманово, дивеел на Спомен костурницата на паднатите борци и ги скршил мермерните плочи пред неколку месеци.
Полицијата ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело оштетување или уништување на добра, под привремена заштита, културно наследство или природни реткости. Во август годинава, пријавениот во неколку наврати извадил дел од бетонските плочи од Спомен костурницата, а потоа ги искршил и оштетил мермерните плочи каде се сместени моштите и плочите со имиња на паднатите борци од НОБ и дел од метална слика со фрагменти од НОБ.