×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мартин Костовски е нов организациски секретар на СДСМ

    28.11.2024 08:57 | KumanovoNews

    Поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово, е нов организациски секретар на СДСМ.

    Мартин Костовски е нов организациски секретар на СДСМ

    Костовски досега извршувал повеќе партиски функции, беше претседател и секретар на општинската организација на СДСМ Куманово.

    Изборот на новото партиското раководство на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се одржа синоќа.

    „Избравме мотивирани луѓе со знаење, искуство и интегритет, подготвени да работат за доброто на сите граѓани. Многу силна и многу интензивна работа почнува веќе утре. Направен е план за посета на сите општински организации. Има насоки за промена во делувањето, комуникацијата со луѓето, начинот на коишто ќе допреме до членовите и симпатизерите и оние коишто од некои причини не гласаа на изборите“, објави лидерот Венко Фипипче.

    Нов генерален секретар на СДСМ е Александар Димитријевиќ, потретседатели на Централниот одбор Кристина Костова од Штип, Менде Илиевски од Битола, поранешната министерка Каја Шукова и професорката Ана Чупевска од Правниот Факултет. Нови организациски секретари се поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармакоски од општинската организација Центар.