Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Традиционалната културно-забавна манифестација- маскенбал „Батко Ѓорѓија“ ќе се одржи утре,/сабота/ на Градскиот плоштад во Куманово. Манифетацијата ќе започне во 11 часот, а учество ќе земат ученици од сите основни и средни училишта од општината, како и дечињата од градинката „Ангел Шајче“.
Новина е тоа што на маскенбалот нема да има награди, туку за прв пат ќе има ревијален карактер.
„Годинава нема да избираме најдобра маска и да доделуваме награди, туку целата манифестација е со ревијален карактер.По пријавите имаме 27 групни и 2 индивидуални маски, со околу 800 учесници .На сите нив ќе им бидат доделени благодарници“, изјави Марио Арангеловски,директор на Фондацијата за култура и спорт.
Поаѓањето е закажано од пред Театар Куманово во 10 часот, а дефилето со учесници ќе пристигне на Градскиот плоштад во 11 часот. Сите учесници имаат изберено своја музика и подготвено кореографија со која ќе настапат.
Фондацијата за култура и спорт е организатор на настанот и за него ќе потроши 50 илјади денари .Покровител е градоначалникот и Совет на Општина Куманово.